Bayram Altuğ,Hasan Esen
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
ЖЕНЕВА - Како последица на новиот тип коронавирус, Ковид-19, во Велика Британија се зголеми на 39.728 бројот на починати лица, со раст од 359 смртни случаи во текот на последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за здравство, во земјата во последните 24 часа извршени се 171.829 тестирања за Ковид-19, со што вкупниот број на реализирани тестови во земјата од почетокот на епидемијата се зголеми на 4.786.219.
Во последните 24 часа од вирусот во земјата починале 359 лица, со што вкупниот број се зголеми на 39.728.
Бројот на заразени од новиот вид коронавирус се искачи на 279.856, со 1.871 заразени во последното деноноќие.
Велика Британија се најде на првото место во Европа во однос на бројот на смртни случаи од Ковид-19, а на второ место во светот по Соединетите Американски Држави (САД).