Hasan Esen
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија, во последните 24 часа, бројот на смртни случаи од новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми за 596, со што вкупниот број на починати порасна на 16.060, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за здравство, бројот на починати од Ковид-19 се зголемил од 15.464 на 16.060, а бројот на заразени, зголемувајќи се за 5.850 за 24 часа, достигна 120.067.
Во последните 24 часа биле тестирани 15.994 лица. Вкупниот број на тестирани лица се искачи на 372.967, а вкупниот број на тестови, заедно со повторените, се зголеми на 482.063.
- „Владата се повлече од претходниот план“ -
Како првичен одговор на пандемијата, британската Влада усвои пристап на „колективен имунитет“, но порастот на бројот на потврдени случаи на вирусот и на бројот на смртни случаи ги принудија британските власти да воведат построги мерки како што се социјално дистанцирање и затворање на училиштата.
Со одлуките донесени на 23 март, движењето е ограничено, затворени се сите трговски сектори, освен маркетите и аптеките.
Принцот Чарлс на 25 март беше позитивен на тестот на Ковид-19, додека премиерот Борис Џонсон и министерот за здравство, Мет Хенкок, на 27 март, исто така, беа позитивни на тестот за коронавирусот.
Премиерот Џонсон беше хоспитализиран во неделата навечер, а следниот ден беше префрлен на интензивна нега. Тој на 9 април излезе од интензивна нега, а на 12 април се излекува и беше отпуштен од болница.
Принцот Чарлс и министерот за здравство, Хенкок, се излекуваа без болнички третман.