Ahmet Gürhan Kartal
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ЛОНДОН
Според бројките потврдени од Одделот за здравствена и социјална нега, денес, во Велика Британија од последиците на Ковид-19 се регистрирани 439 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати лица од вирусот изнесува 5.373, јавува Агенција Анадолија (АА).
До сега се тестирани 208.837 лица, од кои 51.608 се позитивни на вирусот.
Состанокот на британскиот Кабинет за утре е откажан поради последниот развој на ситуацијата со Ковид-19, се вели во соопштението на Даунинг стрит, во кое се додава дека британскиот премиер Борис Џонсон, кој пред 10 дена беше тестиран и е позитивен на вирусот, веќе втор ден е во болница поради симптомите кои ги има.
„Минатата ноќ, по препорака на лекар, отидов во болница за некои рутински тестови бидејќи сѐ уште имам симптоми на Ковид-19. Омптимистичен сум и сѐ уште контактирам со мојот тим, бидеји работиме заедно во борбата против вирусот и сите да останат безбедно“, напиша Џонсон на Твитер.
Како првичен одговор на пандемијата, британската Влада усвои пристап на „колективен комунитет“, но порастот на бројот на потврдени случаи на заразување и смртни случаи како последица на тоа, ги принудија британските власти да воведат построги мерки, како што се социјално дистанцирање и затворање на училиштата.
Во телевизиско интервју за време на раните фази во борбата против вирусот, британскиот премиер изјави дека земјата треба храбро да ги прифати преземените мерки.
Принцот Чарлс и министерот за здравство Мет Хенкок беа позитивни на тестот навирусот, по што беа принудени да останат во изолација.
Пратеникот на Лабуристичката партија Тони Лојд (70) кој исто така е позитивен на Ковид-19 денес е однесен во болница во Манчестер.
Владата ја претвори најголемата конференциска сала во Лондон, центарот „Ексел“ во Доклендс, во центар за интензивна нега со 4.000 кревети, нарекувајќи го „NHS Nightingale“.
Се очекува во Велика Британија да се зголеми бројот на жртви од Ковид-19, при што главниот научен советник на владата, Патрик Валанс за јавноста изјави дека би претставувало добар исход доколку земјата се извлече од Ковид-19 со 20.000 или помалку смртни случаи.