Erbil Başay
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
БЕРЛИН (АА) - Во Берлин, главниот град на Германија, отворена е тест-станица за новиот вид коронавирус (Ковид-19) за возачи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во тест-станицата, сместена на плоштадот „Фестплац“ во областа Вединг, може да се тестираат оние кои покажуваат знаци на Ковид-19 или пак контактирале со заразено лице.
Луѓето кои сакаат да направат тест најпрвин ќе треба да отидат во Одделот за здравство во областа Мите, а потоа ќе бидат насочени кон тест-станицата.
На возачите тест за Ковид-19 ќе им биде направен во шаторите, тие немаат потреба да се симнуваат од автомобилот.
Здравствените работници кои носат специјална заштитна облека го спроведуваат тестот без да ги допираат возачите кои доаѓаат за да се тестираат.
Според информациите од Одделот за здравство во Мите, планирано е дневно да се извршат од 50 до 60 тестирања.
Тест-станица „Ковид-19“, слична на онаа во Берлин, ќе биде отворена и во областа Нојколн.