Yeşim Sert Karaaslan
07 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - ЈЕШИМ СЕРТ КАРААСЛАН -
Резултатите на метаанализата извршена од страна на турските научници во врска со поврзаноста на вишокот килограми со новиот вид коронавирус (Ковид-19), во чии рамки се комбинирани резултатите на 19 меѓународни истражувања, открија дека обезноста е важен фактор за ризик што се однесува до поминувањето на Ковид-19 на потежок начин и дека негативно влијае врз текот на болеста.
Проф. д-р Окан Булент Јилдиз, професор во Одделот за ендокринологија и метаболизам на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Хаџетепе“ во Турција, во разговор за Агенција Анадолија (АА) говореше за влијанието на обезноста врз Ковид-19, како и за влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз угоеноста.
Потсeтувајќи дека во последниот период се извршени научни истражувања во врска со поврзаноста помеѓу угоеноста и Ковид-19, Јилдиз нагласи дека обезноста има важно влијание врз текот на Ковид-19.
Тој даде информации и за метаанализата реализирана во Универзитетот „Хаџетепе“ во чии рамки рече дека ги истражувале и резултатите на 19 истражувања кои се направени досега во врска со поврзаноста помеѓу обезноста и овој вирус.
„Податоците што ги добивме покажаа дека кај лицата кои имаат вишокот килограми, за 80 отсто е згоемеа потребата за хоспитализирање поради Ковид-19, за интензивна нега и за добивање кислородна поддршка. Но спротивно од тоа, откривме дека обезноста не го зголемува ризикот од смрт кај пациентите заразени со Ковид-19 кои лежат на интензивна нега. Благата и средната обезност дури во одредена мера има заштитен ефект кај интензивната нега. Оваа состојба се нарекува парадокс на обезност“, рече тој.
Јилдиз нагласи дека по завршување на фазата за испитување на метаанализата, резултатите ќе бидат објавени во меѓународно научно списание.
Според Јилдиз, во овој период важно е да се прават доволно физички активности во текот на денот.
Осврнувајќи се на мерките што треба да се преземат со цел да се спречи покачувањето на телесната тежина кај луѓето за време на пандемијата, Јилдиз рече дека треба да се поседува здрава и балансирана програма за исхрана, потоа да се внимава во сонот, да се менаџира стресот, како и да се вежба.