свет, Коронавирус

Велика Британија: Седум од 18,1 милиони вакцинирани граѓани со АстраЗенека починале од згрутчувања во крвта

Во Велика Британија од 9 до 21 март првата доза на вакцината на АстраЗенека ја примија 15,8 милиони луѓе, а втората доза ја примија 2,2 милиони

Hasan Esen  | 03.04.2021 - Обновена : 05.04.2021
Велика Британија: Седум од 18,1 милиони вакцинирани граѓани со АстраЗенека починале од згрутчувања во крвта

ЛОНДОН (АА) - Вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека во Велика Британија ја примија 18,1 милиони луѓе, а појавата на згрутчувања (тромб) во крвта е регистрирана кај 30 вакцинирани лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Британската агенција за контрола на лекови и здравствени производи (MHRA) соопшти дека седум од тие 30 лица починале.

Во соопштението се наведува дека досега нема никакви докази дека појавата на згрутчувања во крвта е поврзана со вакцината на Оксфорд-АстраЗенека и дека придобивките од таа вакцина во борбата против пандемијата на Ковид-19 се повеќекратно поголеми од ризиците.

Британските експерти и понатаму ја испитуваат евентуалната поврзаност помеѓу вакцинацијата и згрутчувањето на крвта, како и наведените смртни случаи.

Во Велика Британија од 9 до 21 март првата доза на вакцината на АстраЗенека ја примија 15,8 милиони луѓе, а втората доза ја примија 2,2 милиони.

Неколку европски земји ја ограничија или ја запреа употребата на вакцината на Оксфорд-АстраЗенека поради загриженост дека може да предизвика формирање тромб. Засега нема официјални докази дека оваа вакцина предизвикува таква појава во крвта.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.