İlyas Tayfun Salcı
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 539 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 30.615, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, на дневна прес-конференција истакна дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 во болници, во домовите за стари лица и во своите домови починаа 539 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 30.615.
Во последните 24 часа во земјата се направени 86.583 тестирања за Ковид-19, со што вкупниот број на извршени тестирања за Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 1.534.533.
Според соопштеното, бројот на случаи со овој вирус се искачи на 206.715.
Раб нагласи дека бројките покажуваат оти зад себе ја оставиле врвната точка во пандемијата во земјата, и дека дошле до фаза на ублажување на ограничувањата донесени во рамки на борбата против пандемијата.
Сепак, Раб рече дека во случај повторно да се забележи раст на овие бројки, мерките повторно ќе бидат порестриктивни.