İlyas Tayfun Salcı
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ЛОНДОН
Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Велика Британија се искачи на 28.446, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вицепремиерот на оваа земја, Мајкл Гов, на дневна прес-конференција информира дека во последните 24 часа починаа 315 лица поради Ковид-19 со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 28.446.
Во последните 24 часа во земјата се направени 76.496 тестирања за Ковид-19, со што вкупбиот број на извршени тестирања за Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 1.206.403.
Според соопштеното, бројот на случаи со овој вирус со раст од 4.339 се искачи на 186.599.