Elena Teslova
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Бројот на смртни случаи од последици предизвикани од Ковид-19 во Русија достигна над 40.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 569 нови смртни случаи при што вкупниот број на починати се зголеми на 40.464, соопшти работната група за итни случаи на Русија.
Бројот на заразени во текот на изминатиот ден изнесува 26.402, при шти вкупниот број на заразени во земјата е над 2,32 милиони, додека бројот на оздравени се зголеми за 24.763 и вкупно изнесува 1,8 милиони.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Русија во моментот изнесува 478.125.
Русија е четврта на листата на најпогодени земји од пандемијата во светот, пред неа се САД, Индија и Бразил.
Властите преземаат мерки за да го спречат брзиот раст на новозаразени, при што во многу региони во земјата се продолжени мерките за карантин до крајот на јануари.