Турција, Коронавирус

Бројот на починати во Турција од Ковид-19 се искачи на 214 лица

- Бројот на починати во Турција од новиот тип на коронавирус, Ковид-19 се искачи на 214 лица, откако 46 нови смртни случаи беа потврдени во последните 24 часа

Fahri Aksüt, Gözde Bayar  | 31.03.2020 - Обновена : 01.04.2020
Бројот на починати во Турција од Ковид-19 се искачи на 214 лица

АНКАРА

Бројот на починати во Турција од новиот тип на коронавирус, Ковид-19 се искачи на 214 лица, откако 46 нови смртни слуачи беа потврдени во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на оваа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вкупниот број на потврдени случаи на заразување со Ковид-19 се зголеми на 13.531 лице, откако 2.704 нови лица беа позитивни на тестот на вирусот.

Вкупно 243 лица се излекувани и пуштени од болница од почетокот на епидемијата во земјата, а 847 пациенти се на интензивна нега.

Во последните 24 часа се извршени 15.422 тестирања, а вкупниот број на направени тестови до сега изнесува 92.403.

По епидемијата во Вухан која се појави во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 178 земји и региони низ светот, чиј епицентар стана Европа, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, од последиците предизвикани од вирусот починаа повеќе од 40.600 лица, а заразени се повеќе од 823.000 ширум светот, додека околу 174.000 лица се излекувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.