Tevfik Durul
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА
Амбасадорот на Велика Британија во Анкара, Доминик Чилкот, ги негираше тврдењата дека неговата земја ќе ги врати 400.000 медицински материјали кои ги увезе од Турција со цел борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чилкот оваа реакција ја напиша во својот Твитер профил.
„Не се вистинити вестите во британските медиуми во врска со тоа дека 400.000 парчиња лична заштитна опрема испратени од Турција се неупотребливи. Мал број на хируршки наметки купени од приватен снабдувач не го поминаа тестот. Но, повеќе хируршки наметки од тој снабдувач ги поминаа тестовите и се ссодветни за употребување во Здравствениот систем на Велика Британија“, нагласи тој.
Чилкот нагласи дека британската Влада упатува благодарност до турската Влада поради поддршката дадена во насока на потребата на Велика Британија за лична заштитна опрема.
„Поголемиот дел од испратените производи сеуште чекаат да бидат тестирани во магацини во Велика Британија и Турција. Тие немаат врска ниту со личната заштитна опрема подарена на Велика Британија од страна на турската Влада, ниту пак со 68.000 скафандери кои ги обезбедија откако задоцни доставата очекувана од снабдувачот за кој станува збор“, додаде Чилкот.
Британскиот владин портпарол во писмено соопштение за новинарот на АА ги негираше вестите на британските медиуми дека „заштитната облека испратена од Турција во Велика Британија не е соодветна со стандардите“.
Во ова соопштение беше наведено дека се примени дел од 400.000 заштитна облека нарачана од приватна фирма во Турција.
„Иако мал дел од овие наметки не ги поминаа тестовите во Велика Британија, поголемиот дел од нив ги поминаа тестовите и добија одобрение за да бидат користени“, беше нагласено во ова соопштение.
Меѓу другото, заменик министерот за надворешни работи на Турција, Јавуз Селим Киран, исто така го негираше ова тврдење за кое станува звор, истакнувајќи дека од британските власти не добиле ваква информација.