Jeyhun Aliyev
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бројот на починати во Бразил од новиот вид коронавирус се искачи на 11.123, со 496 смртни случаи во последните 24 часа, објавија здравствените власти на Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека бројот на дијагностицирани случаи се искачил на речиси 162.700 со 6.670 новозаразени во изминатите 24 часа.
Првиот смртен случај од коронавирусот во регионот беше регистриран во Бразил, кој е една од најпогодените земји од вирусот во регионот. Во Бразил живеат речиси 210 милиони жители.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во најмалку 187 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на речиси 283.000 луѓе во светот, над 4,1 милиони се заразени, додека излекувани се 1,41 милион, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.