Haluk Satır
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
МАНИСА (АА) – Со цел да се зголеми свеста на граѓаните во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, во тускиот град Маниса слоганот „Остани дома“ е ставен на црвеното светло на семафорите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничка акција на Општина Маниса и Полициската управа на Маниса, со цел да се зголеми свеста кај граѓаните во услови на пандемијата на коронавирусот, слоганот „Остани дома“ го поставија на семафорите на најфреквентните улици.
Од друга страна, полициските екипи на општината при контролата на патиштата во текот на денот ги известуваат граѓаните за преземените мерки во борбата против коронавирусот.
Во Турција од коронавирусот починаа 92 лица, заразени се вкупно 5.698 лица, додека досега излекувани се 68 лица.