Erdoğan Çağatay Zontur
29 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус Ковид-19 во Кина се искачи на 2.837 лица, соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Комисијата соопшти дека во изминатите 24 часа починале 47 лица, додека детектирани биле 427 нови случаи, со што вкупниот број на потврдени случаи достигна над 79.250.
Од смртните случаи 45 се случиле во епицентарот на коронавирусот, покраината Хубеи, додека две лица починале во главниот град Пекинг и едно лице во покраината Хунан.
Околу 58.200 лица во моментот се наоѓаат под медицински третман, додека бројот на отпуштени пациенти изнесува околу 39.000.
Надвор од континентална Кина регистрирани се 94 случаи во Хонгконг и 10 во Макао.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, се прошири во над 30 земји низ светот, меѓу кои се и САД, Италија, Иран, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и многу други.
По експанзијата на епидемијата со новиот тип коронавирус, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност.