свет, Коронавирус

Билансот на починати од коронавирусот во Велика Британија надмина 1.000 лица

Министерството соопшти дека досега биле спроведени вкупно 120.776 тестирања на кои 17.089 лица биле позитивни на вирусот, од кои 2.510 во изминатите 24 часа

Burak Bir  | 28.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Билансот на починати од коронавирусот во Велика Британија надмина 1.000 лица

ЛОНДОН (АА) - Со 260 нови смртни случаи во Велика Британија во изминатите 24 часа, бројот на починати од вирусот Ковид-19 во земјата достигна 1.019, покажуваат податоците објавени од британското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството соопшти дека досега биле спроведени вкупно 120.776 тестирања на кои 17.089 лица биле позитивни на вирусот, од кои 2.510 во изминатите 24 часа.

Државниот секретар за Шкотска, Алистер Џек, објави дека влегол во самоизолација откако почувствувал симптоми на коронавирусот, познат како Ковид-19.

Во петокот, британскиот премиер Борис Џонсон и секретарот за здравство Мет Хенкок објавија дека биле позитивни на тестовите за коронавирусот.

Откако првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, новиот тип коронавирус се рашири во над 177 земји и територии, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

Во светот од појавата на вирусот досега се заразени над 622.000 лица, бројот на починати достигна над 28.800, а над 143.000 пациенти се излекувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.