Abdulkadir Karakaya
30 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
АНКАРА
Африканскиот куп на нации, главниот фудбалски натпревар на африканските репрезентации, е поместен за 2022 година поради пандемијата на Ковид-19 пренесува Агенција Анадолија (АА).
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) го одложи до 2022 година Африканскиот куп на нации кој требаше да се одржи во 2021 година во Камерун.
Во соопштението на CAF се наведува дека овој натпревар ќе се одржи во јануари 2022 година.
Иако Камерун, како домаќин, пружи доверба дека турнирот може да се организира и покрај пандемијата на Ковид-19, Африканската фудбалска конфедерација одлучи сепак да се одложи натпреварот.
Последниот првак на Африка беше селекцијата на Алжир.
Африканскиот куп на нации прв пат е одржан во 1957 година, а од 1968 година турнирот се одржува на секои две години. Екипите победнички на првенството стекнуваат право на играње на Купот на конфедерации.