Tufan Aktaş
16 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Африка уништени се 450 илјади дози вакцини против коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ричард Михиго, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Африканската програма за имунитет, во својот неделен брифинг со новинарите рече дека стотици илјади дози во девет земји на континентот не можат да се употребат поради приближувањето на датумот на истекување на рокот на вакцините.
Михиго, истакнувајќи дека се уништени вкупно 450 илјади дози вакцини, рече дека овие земји не можат да ја завршат вакцинацијата навреме поради истекувањето на рокот на вакцините чија пратка доцни.
Истакнувајќи дека ниту една земја не сака да ги изгуби вакцините, Михиго рече дека ги повикуваат земјите да ги завршат сите подготовки однапред за да не се трошат вакцините.
Меѓу земјите што ги уништија вакцините се Мавританија, Либерија, Гамбија, Јужен Судан, Сиера Леоне, Малави, Гвинеја и Демократска Република Конго.
Администрирани се над 50 милиони вакцини на континентот, каде што досега се стигнати приближно 70 милиони дози на вакцини.
Бројот на случаи на континентот надмина 6 милиони, додека бројот на луѓе кои починаа како последица на Ковид-19 надмина 155.000.