Michael Gabriel Hernandez
15 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ВАШИНГТОН
Потпретседателот на Трансатлантската мрежа на лидери со седиште во Соединетите Американски Држави (САД), Саша Топериќ, напиша статија во која вели дека Турција се докажала како клучен поддржувач во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека меѓународната заедница се обидува да најде цврста основа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Саша Топериќ, кој пишува за новинската веб-страница „Хил“, напиша дека Турција се докажала како клучен поддржувач на напорите на светот, нагласувајќи дека Турција особено ги зголемила своите производни линии за медицинска заштитна опрема и дистрибуирала маски - бесплатно - на своите граѓани, во обид да спречи понатамошно ширење на Ковид-19.
„Турција доставува маски и сетови за тестирање во балканските земји, Италија и Шпанија, одговорајќи на повикот за помош направен преку Евроатлантскиот центар за соработка за одговор на катастрофи на НАТО.
„Натписите на медицинските материјали гласат: ’Постои надеж по очај и многу сонца по темнината‘, познат цитат на светски познатиот поет од 13 век, Џалалудин Руми“, напиша Топериќ.
Во статијата, Топериќ истакна дека од 88 земји кои побарале медицински материјали, Турција ги обезбедила бараните производи на 30 земји досега. Меѓу нив се наоѓаат Израел, Либија и Велика Британија.
„Недостигот на заштитна медицинска опрема во многу земји покажува само дека земјите не биле подготвени за голема пандемија и дека резервите на залихи не биле доволни за да се задоволат потребите“, напиша Топериќ.
„Сепак, додека земјите и заедниците низ светот се обединуваат во радикалните мерки за да помогнат во борбата против Ковид-19, ставајќи ја економијата во мирување, советувајќи ги своите граѓани да останат во своите домови и практикувајќи социјалното дистанцирање, вредно е да се оддаде признание за она што е заслужено: „Турција тоа го заслужува со право“, додаде тој.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во речиси сите земји низ светот. Епицентарот на вирусот сега се Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е поголем од 126.000. Речиси 485.000 пациенти се излекувани.