Amina Zorniç
21 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - По вестите дека се разведува славниот холивудски актерски пар Анџелина Џоли и Бред Пит, реагираше и бившата сопруга на актерот, Џенифер Анистон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британскиот весник „Мирор” објави дека Анистон, од која Пит се разведе поради Џоли, изјавила дека разводот е карма.
„Да, тоа е карма”, изјави Анистон.
Таа од 2000 година беше пет години во брак со Пит, кој се разведе од неа во 2005 година, откако се запозна со Џоли на снимањето на филмот „Г-дин и г-ѓа Смит”, истата година.
Анистон, која денес е во брак со американскиот актер и режисер Џастин Теру, подоцна во медиумите повеќепати изјави дека разводот со Пит ѝ паднал тешко, дека посетувала психолог, но никогаш не го коментирала парот популарно наречен „Бранџелина“.
Откако синоќа светските медиуми ја пренесоа веста за барањето за развод на Анџелина, јавноста и корисниците на социјалните мрежи ги споделија своите мислења.
Темата за разводот на еден од најубавите парови во светот на шоубизнисот од синоќа е најпребарувана на Фејсбук и на Твитер. Додека голем број лица му даваат поддршка на парот, другите ја поддржуваат Анистон со фотографии и анимации.