İnci Gündağ
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
ЛОНДОН (АА) - Откако актерката Анџелина Џоли поднесе барање за развод од актерот Бред Пит, нивните восочни фигури изложени во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон не стојат веќе заедно, јавува Anadolu Agency (AA).
Музејот и на социјалната мрежа Твитер потврди дека фигурите на Анџелина Џоли и Бред Пит се раздвоени.Сега восочната фигура на Анџелина Џоли се наоѓа до восочната фигура на Никол Кидман, а восочната фигура на Бред Пит се наоѓа веднаш до фигурата на Морган Фримен.
Двојката Џоли–Пит по десетгодишна врска се венчаа во 2014 година и имаат шест деца.
Во музејот „Мадам Тисо“ се изложени восочни фигури на познати личности, меѓу кои и на кралицата Елизабета Втора, пејачката Мадона, фудбалерот Дејвид Бекам и многу други.