свет, живот

Шест проценти од смртните случаи во светот се должат на физичка неактивност

„Физичката неактивност е главната причина за околу 21-25 проценти од ракот на дојка и дебелото црево, 27 проценти за дијабетесот и 30 проценти за исхемично срцево заболување“

Gökhan Zobar  | 31.05.2021 - Обновена : 07.06.2021
Шест проценти од смртните случаи во светот се должат на физичка неактивност

ЕДРЕНЕ (АА) - Раководителката на Одделот за работна терапија при Факултетот за здравствени науки на Универзитетот „Бируни“ во Истанбул, професор д-р Хулја Кајхан, рече дека физичката активност е најефективниот и најевтиниот метод за спречување на срцевите заболувања, дебелината, високиот крвен притисок, дијабетесот и некои видови рак, јавува Агенција Анадолија (АА).

Проф. д-р Кајхан на „1. Национален е-симпозиум за физичка активност“, организиран преку видеоконференција од Универзитетот „Тракија“, рече дека низ целиот свет има луѓе што се недоволно физички активни.

Истакнувајќи дека физичката неактивност има многу негативни последици врз човечкото тело, Кајхан рече дека 6 проценти од смртните случаи во светот се резултат на физичка неактивност.

Професорката Кајхан, посочувајќи дека животот без физички активности предизвикува многу болести, како што се дијабетес и хипертензија, нагласи: „Физичката неактивност е главната причина за околу 21-25 проценти од ракот на дојка и дебелото црево, 27 проценти за дијабетесот и 30 проценти за исхемично срцево заболување.“

Кајхан истакна дека активниот живот игра важна улога во спречувањето на многу болести.

„Физичката активност е ефикасна во подобрувањето и заштитата на физичката, менталната, интелектуалната, социјалната состојба на личноста. Таа е најефективниот и најевтиниот лек во превенција на срцеви заболувања, дебелина, висок крвен притисок, дијабетес, остеопороза и некои видови рак.“

Меѓу другото, професорката Кајхан додаде дека физичката активност го прави лицето да се чувствува поенергично, поживо, активно и мирно и ја спречува појавата на болести предизвикани од неактивност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.