живот

Фанико, перачите на алишта во Брегот на Слоновата Коска

Перачите на алишта наречени Фанико доаѓаат од различни земји ги оставаат своите семејства дома, а тие работат во градот Абиџан, каде што шест дена во неделата перат алишта во реката Банко

Mahmut Serdar Alakuş  | 20.08.2019 - Обновена : 21.08.2019
Фанико, перачите на алишта во Брегот на Слоновата Коска

АБИЏАН (АА) - МАХМУТ СЕРДАР АЛАКУШ -

Реката Банко која се наоѓа во границите на Националниот парк „Банко“ во градот Абиџан во Брегот на Слоновата Коска, e собиралиште на перачите на алишта наречени „Фанико“, кои заработуваат перејќи алишта во оваа река, пишува Anadolu Agency (AA).

Перачите на алишта наречени Фанико доаѓаат од различни земји, како Мали и Нигер, ги оставаат своите семејства дома, а тие работат во градот Абиџан, каде што шест дена во неделата ги перат во реката Банко алиштата собрани од местото Аџеме.

Бројот на овие перачи одвреме-навреме достигнува и до 100 лица. Секој од нив има различна зона каде што работи, а при перењето користат традиционални сапуни.

Тие ги перат алиштата на рамни бетони кои ги поставуваат на камионски гуми, а потоа ги носат на сушење. Алиштата ги сушат на отворено.

Перачите на алишта велат дека Владата на Брегот на Слоновата Коска поставила ограничувања за перењето алишта во ова подрачје, откако некои меѓународни медиуми објавиле вести во кои негативно ги претставиле овие лица.

Иако се забележува намалување во бројот на перачите поради ова ограничување, во одредени денови има голем број луѓе во реката Банко.

Шеесет и двегодишниот Ибрахим Соу со потекло од Мали, во изјавата за АА рече дека во Абиџан дошол за да пере алишта, и дека веќе 50 години ја врши оваа работа.

Соу нагласи дека тој заработува преку перење алишта, со цел да може се грижи за неговото семејство.

„Целиот мој живот перам алишта. Исто и во Мали ја вршев оваа работа. Кога дојдов тука, во Абиџан, имав надеж дека ќе заработам повеќе. Некои денови заработувам по 2.000 африкански франци (околу 3 евра), додека некои денови сопствениците на алиштата не плаќаат под изговор дека алиштата не се добро испрани. Луѓето навистина се многу безмилосни“, рече тој.

Соу информираше дека секое утро минува низ улиците на Аџеме и ги собира нечистите алишта на луѓето. И покрај годините, како што рече тој, цел ден во реката пере алишта.

Според него, по донесените ограничувања за перењето алишта, тие се соочиле со проблеми.

„Сакаме Владата на Брегот на Слоновата Коска да ни овозможи олеснувањa. Ние заработуваме многу малку дневно. Наша единствена желба е да собереме пари и да ги испратиме на нашите семејства“, нагласи тој, додавајќи дека половина од парите што ги заработуваат ги трошат за нивните потреби, додека половина од тие пари им ги праќаат на своите семејства.

„Ниту на празникот Курбан бајрам не можев да го видам моето семејство. Последен пат во Мали бев пред една година“, додаде Соу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.