свет, живот

Украина: Домот на Надја уништен во руските напади, со ранетиот сопруг живее во подрум

Надја е една од оние кои немаа друга опција освен да се засолнат во подрумите на куќите или зградите кои не беа целосно уништени во руските напади

Davit Kachkachishvili  | 18.07.2022 - Обновена : 19.07.2022
Украина: Домот на Надја уништен во руските напади, со ранетиот сопруг живее во подрум Фото: Metin Aktaş/AA

ДОНЗЕ (АА) - ДАВИТ КАЧКАЧИШВЕЛИ -

Во еден од руските напади на градот Часов Јар во областа Доњецк во Украина е уништен домот на 52-годишната Надја, пишува Агенција Анадолија (АА).

За да не остане на улица, засолниште нашла во подрумот на соседот, каде што со ограничени средства се грижи за ранетиот сопруг.

Некои од Украинците чии домови се уништени за време на нападот на населбата Пивдени на југот од градот на 9 јули се селат во побезбедна област, а оние кои немаат друга опција спасот го наоѓаат во подрумите.

Надја е една од оние кои немаа друга опција освен да се засолнат во подрумите на куќите или зградите кои не беа целосно уништени во руските напади.

За АА таа говореше за ноќта на ракетните напади.

Како што рече, првиот проектил паднал во близина на станот во кој живеела, околу 21:00 часот.

„Десет минути подоцна уште една ракета го погоди покривот на зградата во која живееме“, раскажа Надја.

Таа рече дека преживеале бидејќи живееле на првиот кат од станбената зграда.

Откако вториот проектил ја погодил зградата во која живеле, успеале да излезат и почнале да бегаат на побезбедно место.

„Трет проектил го погоди станот, а ние паднавме од последната детонација. Врз нас падна и цигла од околните куќи. Мојот сопруг беше погоден во главата и крвавеше“, изјави Надја.

Како што рече, војниците го однеле нејзиниот сопруг во болница.

Тој неодамна излегол од болница и сега таа се грижи за него.

Надја изјави дека од експлозијата биле уништени прозорците и вратите од нејзиниот дом.

Соседот го уредил подрумот од неговата куќа, каде што живеат сега.

„Немаме каде да одиме“, додаде Надја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.