Турција, живот

Турција: Езерото Гала, станицата на фламингата, делумно замрзнато поради ниските температури

Фламингата, како и гуските и лебедите, се борат да најдат храна во оризовото поле во близината, бидејќи делумно замрзнатата површина на езерото е не можат да ја пробијат

Gökhan Balcı  | 28.01.2022 - Обновена : 31.01.2022
Турција: Езерото Гала, станицата на фламингата, делумно замрзнато поради ниските температури Фото: Gökhan Balcı/AA

ЕДРЕНЕ (АА) - Површината на езерото Гала во подрачјето на Енез во северозападната турска област Едрене, е делумно покриена со мраз поради ниските зимски температури кои ја зафатија земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Птиците преселници на езерото, фламингата, како и гуските и лебедите, се борат да најдат храна во оризовото поле во близината, бидејќи делумно замрзнатата површина на езерото е не можат да ја пробијат.

Северозападна Турција од изминатата недела е зафатена од студено време поради студената воздушна маса која доајде од регионот на Балканот и од Црното Море.

Секојдневниот живот е попречен поради студеното време, но се очекува температурите да се вратат во сезонска нормала на почетокот на февруари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın