Турција, живот

Турција: 106-годишна жена успеа во битката против Ковид-19

Газале Туран пред извесно време дошла во болница во Батман со различни симптоми, како отежнато дишење, вртоглавица и анорексија.

İbrahim Toprak  | 03.12.2020 - Обновена : 04.12.2020
Турција: 106-годишна жена успеа во битката против Ковид-19 Фото: Ahmet Işık/AA

БАТМАН (АА) - 106-годишната Газале Туран од турскиот град Батман, која беше заразена со новиот вид коронавирус (Ковид-19), по 10-дневно лекување е отпуштена од болница, јавува Агенција Анадолија (АА).

Туран пред извесно време дошла во болница во Батман со различни симптоми, како отежнато дишење, вртоглавица и анорексија.

Таа била дијагностицирана позитивна на Ковид-19. Додека по 10-дневното лекување, 106-годишната пациентка победи во битката со Ковид-19, и е отпуштена од болница.

Туран упати благодарност до лекарите, и изрази радост што ја надминала оваа болест и покрај нејзината возраст.

Ерџан Туран, внук на 106-годишната Туран, истакна дека претходно неговата мајка, сестра и сопругата биле позитивни на овој вирус, а потоа симптоми се појавиле и кај неговата баба.

Како што рече, неговата баба е отпуштена од болница по 10-дневно лекување.

„Благодарение на лековите кои ги прими, почна да закрепнува. Моменталната состојба на мојата баба е добра. Исто така, добра е состојбата и на другите членови на семејството“, рече Ерџан Туран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.