Şafak Yel,Yusuf Şahbaz
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
ИЗМИР (АА) - Сириско семејство од 18 членови, кое спас од зафатената земја од војна пронајдоа во Турција, живеат во две соби, јавува Anadolu Agency (AA).
Семејството Фериз од сирискиот Алепо живее во куќа во турскиот Измир во кој се наоѓаат само две соби. Станува збор за мајка и три сина кои имаат сопруги и деца.
Најстариот син Ибрахим (38) за АА изјави дека во Алепо се занимавал со чевларство. Кога почнала војната, пред шест години, се надевале дека ќе се заврши брзо. Меѓутоа, тоа не се случи.
Како што ситуацијата се загрозувала од ден во ден одлучија да го напуштат родниот град. Првенствено отидоа во Кобана но војната ги стигна и таму. По тоа преминаа во Турција. Во Измир, Ибрахим најде работа со чија помош плаќа за кирија во куќата во која живеат но и за сето останато што е потребно за сите членови на семејството Фериз.
Во согласност со можностите можеа да изнајмат само куќа со две соби. Мајката Вата Фериз вели дека со неа на овој пат тргнале само тројца синови со семејствата додека тројца останале во Сирија.
„Не сакав моите децата да видат војна и оружје. Се одлучивме на ваков живот во Турција бидејќи не сакаме да живееме во Сирија со страв од смрт. Не размислував за заминување во Европа. Турција е муслиманска земја. Се надевам дека војната ќе биде завршена и дека ќе се вратиме со стариот начин на живот”, порача Вата.
Се плаши за животот на децата кои останаа во Сирија.
„Пред смртта сакам уште еднаш да ја видам Сирија. Не би заменила ни еден ден во татковината за 100 дена во бегство” , додаде Вата.
Мустафа Фериз (33) истакнува дека ова му е втор Рамазан во Турција. И покрај тоа што живеат во мал простор среќни се што се заедно.
„Бевме добро ситуирани во Сирија, но војната ни зеде се,” порача Мустафа. Ова сириско семејство, и покрај тешките услови за живот, заедно ги поминува рамазанските мигови.