Abdülhamit Yaşar
09 Февруари 2022•Ажурирај: 13 Февруари 2022
КОНИЈА (АА) - АБДУЛХАМИТ ЈАШАР -
Рибарите, кои со недели не можат да ловат, чекаат да се стопи мразот во езерото Бејшехир, чиј најголем дел е замрзнат поради студеното време во областа Бејшехир, Конија, југоцентрална Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Голем дел од езерото Бејшехир, еден од важните центри за одгледување слатководна риба во Турција, е замрзнат поради екстремниот студ од 24 степени под нулата.

Рибарските чамци се заглавија во пристаништето поради мразот со дебелина од 30 - 40 сантиметри што се формира на површината на езерото.
Во езерото, каде што со недели не може да се лови риба, рибарите го очекуваат денот кога ќе се стопи мразот, за повторно да излезат во риболов.
Бидејќи риболовот на езерото е невозможен, на тезгите во областа се продаваат морски риби и слатководен костур кои се ловат во други езерца.
- „Чекајќи го јужниот ветар“ -
Хасан Курт, претседателот на Риболовното друштво во Бејшехир, за Агенција Анадолија (AA) истакна дека нивото на водата на езерото Бејшехир е значително намалено, бидејќи Турција минатата година доживеа голема суша.

Нагласувајќи дека се многу задоволни од зимските услови годинава, Курт рече: „Дождовите значително ќе придонесат за водостојот на езерото. Поради врнежите од снег кои беа обилни во Бејшехир и големиот студ што следуваше потоа, езерото замрзна. Затоа, веќе еден месец не можеме да ловиме слатководни риби. Го чекаме јужниот ветер за да се стопи мразот. Веруваме дека до петок повторно ќе се отвори сезоната за риболов во езерото Бејшехир.“
Курт рече дека има 467 лиценцирани чамци кои ловат во езерото од кои 200 чамци активно работеле и во зимските услови пред езерото да замрзне.
Посочувајќи дека чамците ќе продолжат да работат откако ќе се стопи мразот во езерото, Курт рече: „Можеме да кажеме дека со повторното започнување на сезоната за риболов на езерото, цената на рибите повторно ќе биде околу 25 - 30 лири (околу 2 евра). Како рибари драго ни е што езерото замрзна. Рибите беа заштитени.“