Dildar Baykan
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) – Познатите американски актери Анџелина Џоли и Бред Пит тајно ќе го водат судскиот процес за развод, јавува Anadolu Agency (AA).
Џоли и Пит во заедничка изјава за „Асошиејтед прес“ (АП) соопштија дека бракоразводната парница ќе ја води специјален судија, а деталите ќе бидат тајни.
„Страните и адвокатите потпишаа договор дека ќе ги чуваат во тајност сите судски документи и правни одлуки, како и дека ќе го чуваат правото на тајност на семејствата и децата, а за случајот ќе биде назначен специјален судија. Со овој договор ќе се олесни и ќе се забрза решавањето на проблемите“, се вели во соопштението.
- Договор за децата -
Брачната двојка се согласила заеднички да дејствува со цел побрзо закрепнување на децата во текот на процесот на развод и одлучиле во одредени денови да се состанува целото семејство.
Почнувајќи од 15. септември, кога одлучија да се разведат поради сериозно несогласување на карактерите, ова е првпат Џоли и Пит да дадат заедничка изјава.
- По 10-годишна врска, во 2014 година стапија во брак -
Двојката Џоли и Пит стапија во брак во 2014 година, по 10-годишна врска. Тие имаа проблеми во фазата на развод поради тоа што се родители на 6 деца, од кои 3 се нивни биолошки, а 3 се посвоени.
Пит поднесе молба за развод до судот во која побара заедничко старателство. Адвокатот на Џоли, пак, изјави дека е постигнат привремен договор според кој децата што се на возраст меѓу 8 и 15 години да останат под старателство на мајката, а Пит да продолжи со семејните терапии.
- Истрага против Пит -
Од друга страна, Одделот за деца и семејни прашања на Лос Анџелес во септември започна истрага против Пит, за наводно применување насилство врз неговиот 15-годишен син за време на еден авионски лет.
Властите изјавија дека нема докази за тоа оти тој применувал физичко или вербално насилство врз децата за време на процесот на развод.