Betül Yürük
13 Јануари 2023•Ажурирај: 15 Јануари 2023
ЊУЈОРК (АА) - Американската пејачка Лиза Мари Присли, единственото дете на рокенрол-легендата Елвис Присли, почина синоќа на 54-годишна возраст, соопшти нејзината мајка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со тешко срце морам да ја споделам веста дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нè остави“, рече Присила Присли во изјава за магазинот „Пипл“ (People).
Според јавувањата на американските медиуми, Присли починала неколку часа откако нејзината куќна помошничка ја затекнала како не реагира на повиците во нејзината спална соба во Калабасас, Калифорнија.
Нејзиниот поранешен сопруг, актерот и музичар Дени Киу, ѝ давал вештачко дишење додека не пристигне брзата помош. Таа била итно пренесена во болница поради сомнение за срцев удар.
Присли беше ставена во индуцирана кома на апарати за одржување во живот со привремен пејсмејкер, но почина неколку часа подоцна.