
СКОПЈЕ (АА) – Дванаесетгодишното палестинско девојче Метал Мухамед Абу Дабаг чека протетска нога откако беше сериозно повредена во израелски напад во градот Газа, јавува Анадолу.
Додека илјадници Палестинци ги загубија животите во израелските напади врз Газа, многумина загубија екстремитети во нападите.
Израел спроведува уништувачка офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени над 54.200 Палестинци, повеќето жени и деца.
Според УНИЦЕФ, нaд 50.000 деца се убиени или повредени во смртоносната војна на Израел.
Организацијата проценува дека најмалку 1.309 деца се убиени, а 3.738 се повредени од 18 март годинава кога Израел ги обнови воздушните напади врз Газа.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради воените злосторства врз цивилите во Појасот Газа.