живот

Одржана традиционалната манифестација „Априлијада - Скопје се смее“

Манифестацијата беше организирана од Детскиот културен центар „Карпош“ и Градот Скопје, кои се погрижија одбележувањето на Денот на шегата да биде проследено со разни изведби на плоштадот во главниот град

Bekim Laci  | 01.04.2019 - Обновена : 02.04.2019
Одржана традиционалната манифестација „Априлијада - Скопје се смее“ Фото: Bekim Laci/АА

СКОПЈЕ (АА) – Деца облечени како нивните суперхерои денеска го исполнија Градскиот плоштад на Скопје по повод одржувањето на традиционалната манифестација „Априлијада - Скопје се смее“, која се одржува за 1 Април, Денот на шегата, јавува Anadolu Agency (AA).

Манифестацијата беше организирана од Детскиот културен центар „Карпош“ и Градот Скопје, кои се погрижија одбележувањето на Денот на шегата да биде проследено со разни изведби на подготвената сцена на плоштадот, каде што беа и ликовите на суперхероите од детските филмови, а децата можеа да се фотографираат со нив.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, којшто во својот краток говор на најмладите им рече дека денес преку маските тие им покажуваат на своите родители и наставници какво детство сакаат да имаат, дека сакаат да имаат среќно детство.

„На нас повозрасните ни преостанува од утре тоа што вие како деца го посакувате, ние повозрасните да ви го овозможиме, затоа што вие заслужувате да живеете во еден град кој ќе биде поубав, почист и со поздрав воздух“, рече Шилегов, порачувајќи им на родителите заедно да го направат градот уште поубав.

Во обраќањето до медиумите, директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска, истакна дека е среќна поради големиот број деца кои дошле на плоштадот организирани од градинките и училиштата во кои учат.

„Од оваа година имаме еден нов концепт на организација, затоа што, како што гледате, освен забавниот аспект ќе ги имаме и забавните зони каде најмладите ќе можат да се забавуваат со разни активности, како што е фотоѕидот, каде што може да се сликаат со суперхероите“, рече таа.

Манифестацијата за 1 Април продолжува во текот на целиот ден.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın