живот

9-годишниот Кенан стана „херој” во Германија откако ја спаси својата сестра

Деветгодишниот Кенан стана херој откако ја спаси својата двегодишна сестра Хира Нур Бујукхан од смрт

Cüneyt Karadağ  | 28.03.2019 - Обновена : 31.03.2019
9-годишниот Кенан стана „херој” во Германија откако ја спаси својата сестра

НИРНБЕРГ (АА) – Во Нирнберг, Германија, деветгодишниот Кенан стана херој откако ја спаси својата двегодишна сестра Хира Нур Бујукхан од смрт, која се наоѓала во автомобил кој горел, пренесува Anadolu Agency (AA).

Најпродаваниот весник „Билд“ („Bild“) во земјата, пофалувајќи го момчето Кенан, веста ја објави на насловна. 

Според добиените информации, младата мајка автомобилот го паркирала пред една градинка во Нирнберг. Таа децата ги оставила во автомобилот и влегла во градинката. 

На Кенан, додека мајка му се наоѓала во градинката, почнало да му мириса на изгорено внатре во автомобилот. За да ја спаси сестрата излегол од автомобилот. И иако дотогаш тоа не го има направено, Кенан го одврзал ременот на седиштето за деца, каде што седела сестра му Хира Нур, ја симнал од автомобилот и се оддалечил од местото. 

Мајката Тугба Бујукхан, кога забележала дека автомобилот гори, најпрвин се шокирала, но откако забележала дека децата се далеку од него, почнала да плаче од радост.

„Сигурно имаме дадено милостина. Кога видов дека автомобилот гори, не знаев што да правам. Овој момент никогаш нема да го заборавам. Тоа беше лекција за мене, дефинитивно никогаш повеќе нема да ги оставам децата сами во автомобилот“, нагласи мајката Бујукхан. 

Генералниот конзул во Нирнберг, Јавуз Кул, семејството Бујукхан го прими во Генералниот конзулат. 

Во Генералниот конзулат се сретнавме со деветгодишниот јунак Кенан Ибрахим Бујукхан, кој ја спаси својата сестра Хира Нур. Му честитав поради покажаното херојство“, рече конзулот Јавуз Кул. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın