Dildar Baykan
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
БЕЈКЕРСФИЛД (АА) – Од стомакот на еден пациент во САД е отстранет тумор со тежина околу 59 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Д-р Випул Дев од болницата „Меморијал“ во Калифорнија изјави дека при операцијата на 57-годишен пациент, Роџер Логан, од абдоменот успешно му бил отстранет бениген тумор тежок 58,9 кг.
„Претпоставуваме дека инфекцијата настанала поради поткожно влакно. Сметаме дека во долниот дел на абдоменот на Логан, туморот настанал од отокот предизвикан од инфекцијата, а се развил поради протокот на крв што циркулирала околу“, вели д-р Дев.
Логан, кој живее во државата Мисисипи, изјави дека многупати претходно бил на лекар, но лекарите тврделе дека се работи за масно ткиво.
Тој посочи дека туморот пред операцијата пораснал толку многу, што кога седнувал, тој допирал до подот. „Во последно време не можев да мрдам. Мојата сопруга Кити не ми дозволи да се откажам. Таа бараше кои доктори прават вакви операции и го пронајде Дев“, вели Логан.
Логан рече дека долгиот пат од околу 3.218 километри, од Мисисипи до Калифорнија, го поминал многу тешко. Тој седел на столче прицврстено во задниот дел на еден камионет, а патот траел околу 40 часа.