Ekip
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во моментите кога муслиманите ширум светот го одбележуваат Курбан бајрам, децата на араканските муслимани од Мјанмар кои престојуваат во бегалскиот камп во Њу Делхи во Индија и оваа година бајрамските пранизици ги дочекаа во многу лоши услови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку семејства, вклучувајќи 180 деца и 300 возрасни лица, во кампот за бегалци со многу лоши услови, живеат од 2012 година, откако избегаа од насилство и прогони од соседен Мјанмар.
Дури и по осум години беда и сиромаштво, овие луѓе и понатаму се борат и се обидуваат некако да обезбедат стабилен живот и редовни извори на приходи за себе и своите деца.
Иако живеат во многу тешки услови, незамисливи за многу луѓе во 21 век, огромната беда во кампот не ги спречи децата да ја почувствуваат радоста на празникот Курбан бајрам.
Некои од нив на подарок добија нова облека, играчки и балони што овие скромни деца очигледно ги израдува и за момент ги врати насмевките на нивните лица.
Настаните кои драмата на Рохинџа муслиманите ги ставија во фокусот на светската јавност се случија на 25 август 2017 година. Под плаштот на борбата против милитантни напади на полициските пунктови, мјанмарската војска и будистичките милитантни тој ден тргнаа во брутални напади на Рохинџите во кои свирепо се убиени повеќе од 24.000 припаднии на тоа малцинство.
Нападите прераснаа во класичен облик на етничко насилство, а мјанмарската војска спаси стотици муслимански села. Од тој регион повеќе од 750.000 муслимни побегнаа во соседниот Бангладеш и во други земји.
Обединетите нации и меѓународните организации за заштита на човековите права над Рохинџа муслиманите од Аракан ги нарекуваат етничко чистење или геноцид.
Организациите за заштита на човековите права стравуваат дека враќањето на араканските муслимани во Мјанмар, без воспоставување на сигурна средина, би можело да прерасне во нови злосторства над Рохинџите.