Dzihat Aliju
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Традиционалната манифестација „Бајрамски кандила” организиранa од здружението „Визион М” којa го најавува доаѓањето на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, продолжи и оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на оваа активност, традиционалното Бајрамско вовче собра десетици деца пред џамијата Мустафа-паша и ги прошета низ неколку населби во Скопје, завршувајќи во Старата скопска чаршија.
Координаторот на проектот „Бајрамски кандила”, Ердуан Даути, во својата изјава за новинарите истакна дека оваа активност ја организираат уште од 2005 година со извесни прекини.
Истакнувајќи дека програмата вклучува неколку делови, тој рече: „Програмата ‘Бајрамски кандили’ обично го вклучува Бајрамското вовче за деца кој поминува низ населбите во Чаир. Освен возот, во соработка со здружението за култура „Парими”, подготвена е и изложба пред џамијата Мурат-паша. Откако вовчето ќе пристигне во Старата скопска чаршија, таму започнува настанот наречен ‘Бајрамски фидани’, на којшто се рецитира поезиja и се изведуваат детски игри и песни“.
Даути рече дека оваа година манифестацијата се организира под мотото „Кандилото кое беше изгаснато во Куманово ќе блесне денеска во Скопје“ во знак на солидарност со Алмир, 4-годишното дете кое почина во Куманово. Семејството на Алмир го загуби Алмир, но нека знаат дека во овој миг имаат насекаде многу синови и ќерки. Го молиме Бога таквите случаи да не се повторат и уште еднаш ви посакувам среќен Рамазан Бајрам”.
Од друга страна, Бушра Фејзула, одговорна за изложбата на ракотворби во рамките на проектот, за новинарот на АА истакна дека за време на Рамазан подготвувале рачно изработен накит, рече дека „имаме штанд со ракотворби изработени од страна на десет наши активисти. Собраната сума од денешната продажба ќе биде донирана на сиромашните.“
Во меѓувреме, на плоштадот во Старата скопска чаршија пред џамијата Мурат-паша се одржа и концертот за деца „Бајрамски фидани“. Беше рецитирана поезија, а играорците од КУД „Емин Дураку“ се претставија пред присутните.