спорт, живот

Во Москва одржана популарната трка „Color Run“

Трката во која учествуваа лица од двата пола и од различни генерации, беше можност не само за промоција на спортот и здравиот начин на живот, туку и за фотографирање и обележување на спомените

Aldıjana Hadzıc  | 10.06.2018 - Обновена : 11.06.2018
Во Москва одржана популарната трка „Color Run“

Moskva

МОСКВА (АА) - Во Москва, главниот град на Русија, беше одржана петкилометарска трка, популарно наречена „Color Run“, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што обично се случува при организација на трка во многу градови низ светот, жителите од Москва трката ја завршија покриени со различни бои.

Натпреварувачите, меѓу кои беа и оние кои одлучија да се костимираат и со тоа дополнително да придонесат за забавата, уживаа во музиката и танцот.

Трката во која учествуваа лица од двата пола и од различни генерации, беше можност не само за промоција на спортот и здравиот начин на живот, туку и за фотографирање и обележување на спомените. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın