Mehmet Alaca
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
АНКАРА
Светски познатата поп пејачка Ријана е наградена со орден Народен херој во новата република Барбадос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според американските медиуми, орденот на Ријана и е доделен набргу откако Барбадос прогласи Републиката на церемонијата на која присуствуваше и британскиот престолонаследник принцот Чарлс.
Со церемонијата Барбадос и официјално стана Република и ја укина функцијата на кралицата Елизабета Втора како шеф на држава.
Премиерката на Барбадос, Миа Мотли, на церемонијата во Бриџтаун, родното место на пејачката, алудирајќи на песната на Ријана „Diamonds“ од 2012 година рече: „Продолжете да сјаете како дијамант и да ѝ носите чест на вашата нација.“
Робин Ријана Фенти, позната како Ријана, стана втората жена во историјата на Барбадос на која и е доделена почеста за национален херој, по верската лидерка Сара Ен Џил, која почина во 1866 година.
Ријана е регистрирана како еден од двајцата живи национални херои на Барбадос. Оваа титулата на играчот на крикет Гарфилд Соберс му е доделена во 1998 година.