Zeynep Beyza Kılıç
25 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Цените на нафтата денес пораснаа на светските пазари поради загриженоста за снабдување во услови на зголемувањето на тензиите во источна Европа и Блискиот Исток, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународните референтни цени на суровата нафта Брент се зголемија за 0,91 отсто на 86,21 американски долари по барел.
Американската референтна вредност, позната како Вест Тексас Интермедиејт (WTI) беше 83,92 долари по барел, со пораст од 0,73 отсто.
НАТО вчера соопшти дека испратил повеќе бродови и борбени авиони во источна Европа за да ја зајакне подготвеноста и одбраната во тој регион додека Русија „ја зголемува својата воена сила во Украина и околу неа“.
Во меѓувреме, на Блискиот Исток, јеменското движење на Хусите вчера изведе ракетен напад на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), загрозувајќи ги резервите на нафта во регионот.
Со порастот на геополитичките ризици во овие подрачја, глобалните пазари сè повеќе се загрижени за безбедноста на снабдувањето што резултира со забрзано купување. Експертите велат дека со понатамошно зголемување на тензиите се очекува и нов пораст на цените на нафтата.