Övünç Kutlu
05 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
АНКАРА (АА) - Светските цени на храната достигнаа историски највисоко ниво во февруари, се наведува во соопштението на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), пренесува Агенција Анадолија (АА).
ФАО соопшти дека индексот на цените на храната во февруари изнесувал во просек 140,7 поени, што е за 3,9 отсто поголем од јануари, значително зголемување од 24,1 отсто во однос на претходната година.
Агенцијата на ОН истакна дека најголемо зголемување на цените имале растителните масла и млечните производи.
Индексот на цените на растителните масла се зголеми за 8,5 % во однос на претходниот месец на ново највисоко ниво, главно предизвикан од зголемените квотации за палминото, соиното и сончогледовото масло.
Индексот на цените на млечните производи во февруари е во просек за 6,4 отсто повисок од претходниот месец.
На месечно ниво, индексот на цените на житарките се зголеми за 3 отсто, додека индексот на цената на месото порасна за 1,1 отсто.
Индексот на цените на шеќерот, пак, од друга страна, забележа пад од 1,9 отсто во однос на јануари.