Gökhan Ergöçün
06 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ќе ги промовира системите за бескаматно финансирање и методите за кредити со цел диверзификација на бескаматните услуги во наредниот период, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјата ќе донесе регулативи за бескаматно финансирање, според анализата од страна на АА, на Годишната програма на турското Претседателство, објавена вчера.
Во Програмата се вели дека ќе бидат промовирани методи за бескаматни корпоративни кредити и ќе бидат издадени и бескаматни обврзници познати како „Сукук“ (исламски бескаматни обврзници).
Во рамките на регулативите на системот за бескаматно финансирање, Владата има за цел да формира инвестиционен фонд за приходите од земјоделско земјиште.
„Ќе биде формирана агенција за проценка, со цел исполнување на принципите за бескаматно финансирање“, се вели во Програмата.
Турција, која формира три државни заемодаватели, покрај трите заемодаватели со приватно учество, придава големо значење на решенијата за бескаматно финансирање.