Göksel Yıldırım
09 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турска воздухопловна компанија денеска испорача два воени хеликоптери од Турција на Филипините, јавува Агенција Анадолија (АА).
Донесени на два транспортни авиони, двата хеликоптери Т-129 АТАК беа меѓу шесте што Филипините ги нарачаа од Турската воздушна индустрија (ТАИ), според информациите до кои дојде АА.
T129 ATAK е хеликоптер со двоен мотор од најновата генерација, тандем и со две седишта, специјално дизајниран за напад и извидување.