Турција, економија

Турција извезува електромотори во 32 земји од светот

- Водечкиот турски производител на електромотори, Индустрија и трговија за мотори ВАТ (WAT Motor Sanayi ve Ticaret AŞ), извезува во Германија, Кина и САД

Göksel Yıldırım  | 27.05.2021 - Обновена : 01.06.2021
Турција извезува електромотори во 32 земји од светот Фото: Ѓоксел Јилдирим / АА

АНКАРА (АА)

- Гиксел ЈИЛДИРИМ


Водечкиот турски производител на електромотори, Индустрија и трговија за мотори ВАТ (WAT Motor Sanayi ve Ticaret AŞ), одговори на побарувачката од многу земји во периодот во кој е нарушен ланецот за снабдување поради епидемија на новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Бариш Тугрул Ертугрул, водач на производи и проекти на Индустрија и трговија за мотори ВАТ, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека компанијата е основана во 1965 година и додаде дека тоа е едно од првите големи партнерски вложувања на Турција на патот кон индустријализацијата. Ертугрул изјави дека компанијата, која дејствува во рамките на групацијата „Коч“, сè уште произведува мотори за бела техника и индустриски мотори и развива решенија погодни за технолошка трансформација.

Информирајќи дека дизајнираат и произведуваат машини за миење садови, машини за перење, машини за сушење алишта и нивни пумпи за одводнување за бела техника, Ертугрул изјави дека тие нудат многу типови и технологии на мотори за оваа намена, и додаде дека најсовремените магнетни мотори со високо ниво на удобност преовладуваат во палетата на производи што ги нуди компанијата.

Наведувајќи дека компанијата има капацитет за производство на приближно 15,6 милиони мотори, Ертугрул рече: „Ние сме еден од најголемите производители на мотори за бела техника во Европа. Не останаа многу производители од Европскиот Регион кои можат да одговорат на конкурентската цена на Далечниот Исток и недостигот на економичност на производствениот обем.“

Ертугрул изјави дека моторите што ги произведуваат се користат во голем број производи, како што се пумпни системи во индустриско поле, машини во секторот за производство на машини, транспортери, опрема за производство, компресори за воздух, системи за вентилација и климатизација.

Наведувајќи дека тие создале семејство производи на морски мотори што се користат во поморскиот сектор, кои работат при висока влажност и корозивни средини, Ертугрул истакна дека создале локални алтернативи во оваа област, за која има голема побарувачка од увоз.

Тој рече дека во нивната палета на производи ги додале и моторите за отстранување на чад, кои се инсталираат во вентилаторите што се користат во тунелите, кои во моментот на пожар се користат за отстранување на топлиот воздух и чад. Од овие мотори се очекува да работат два часа на температури од приближно 300-400 степени Целзиусови.


- Извоз на мотори во Германија, Кина и САД

Нагласувајќи дека произведуваат мотори со најголема енергетска ефикасност според дефинирани стандарди и ги доставуваат до своите корисници, Ертугрул објасни дека уредите што ги произведуваат, особено на полето на индустриски мотори, многу се барани во странство благодарение на нивното искуство, техничката инфраструктура и системите што ги применуваат.

Во разговорот со новинарот на АА Ертугрул го истакна следното:

„Ние директно извезуваме 70 % од нашето производство. Во тој контекст, ние сме постојан лидер во индустрискиот извоз. На домашниот пазар тесно соработуваме со секторите за производство на машини и пумпи. Индустријата за производство на машини, која е од големо значење за нашата земја, има извоз од приближно 18 милијарди долари. Во овој сектор, ние сме еден од клучните партнери на компаниите кои главно работат на извоз. Моќта на моторите што ги произведуваме се движи од 120 вати до 200 киловати. Создаваме моќ за нашата земја извозувајќи. Вршиме директен извоз на нашите мотори во 32 земји од светот. Главно сме фокусирани на извоз во земјите на Европската Унија (ЕУ). Од нашиот извоз, 65 % го спроведуваме во земјите на ЕУ. И тука главно извезуваме во Германија, која предничи во машинската индустрија. Покрај тоа, имаме многу растечки и ветувачки пазар на Блискиот Исток. Во овој сектор, ние сме една од многу ретките компании кои можат да извезуваат од Турција во Кина. Тоа е можно благодарение на сертификатите и документите што ги поседуваме. Исто така, ние сме една од ретките компании кои извезуваат од Турција во САД. Тоа е можно благодарение на сертификатот што го имаме од Министерството за енергија на САД.“


- Производството го надмина фабричкиот капацитет

Бариш Тугрул Ертугрул изјави дека по влијанието што го создаде епидемијата на Ковид-19, Кина, која е во центарот на синџирот на снабдување, претрпела многу голема загуба на довербата, особено на развиените пазари како што е Европа.

Посочувајќи дека компаниите чии синџири на снабдување се базирани на трговијата со Кина, имаат големи потешкотии во овој процес, Ертугрул рече дека работата со резерви од Кина создава оперативен и финансиски стрес на развиените пазари и истакна дека откако започна да исчезнуваат ефектите од епидемијата во Кина, компаниите не можат да одговорат на побарувањата поради практиката на давање приоритет на домашниот пазар.

Нагласувајќи дека сиве овие случувања создаваат можност да ја зголемат својата моќ во извозот, Ертугрул продолжи со зборовите: „Поради нашата близина до Европскиот Регион и нашите многу позитивни референции во извозот, добиваме многу интензивна побарувачка на проекти и производство на производи. Во 2021 година работиме со производство кое ги надминува капацитетите на нашата фабрика. Побарувањата се зголемени за 17 % на база на еврото. Од нашата фабрика излегува еден мотор на секои две секунди.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın