Gökhan Ergöçün
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција во март остварила извоз во вредност од рекордни 22,7 милијарди долари, што е за 19,8 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, соопшти дека тоа е највисокиот мартовски износ што таа земја некогаш го остварила.
Тој рече дека Турција во март остварила увоз во вредност од 30,9 милијарди долари, од кои 8,4 милијарди долари за увоз на енергија.
„Увозот на енергенси во март е зголемен за 156 отсто во однос на истиот период претходната година поради наглото зголемување на цените на енергенси во последниот период“, рече Муш.
Мартовската покриеност на увозот со извозот во Турција изнесувала 73,4 отсто. Ако се изостави увозот на енергенси, тогаш таа покриеност изнесува 95 отсто.