Aysu Biçer
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турската економија забележа раст од 11 отсто во 2021 година, објави денес Статистичкиот институт на Турција (TurkStat), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бруто домашниот производ по тековни цени се зголеми за 42,8 отсто во споредба со минатата година и достигна 7,2 милијарди турски лири (речиси 518 милијарди долари) во 2021 година“, се вели во најновиот извештај на ТуркСтат.
Според податоците, минатогодишниот бруто-домашен производ по глава на жител изнесувал 85.672 турски лири (9.539 долари).
Најголем придонес во економијата на земјата имаат услужните дејности со раст од 21,1 отсто, потоа 20,3 отсто кај останатите услужни дејности и 20,2 отсто кај информациско-комуникациските дејности.
Финансиите и осигурувањето забележаа пад од девет отсто, земјоделството за 2,2 отсто, а градежниот сектор 0,9 отсто.