Murat Temizer
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
АНКАРА (АА) - Инструментот за поврзување на Европа при Европската комисија (CEF) распредели околу 5 милиони евра за проектот за Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП), објавија денес од компанијата ТАНАП, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата истакна дека проектот е еден од двата проекта за природен гас кој доби финансиска поддршка од Програмата за енергетика при ЦЕФ.
Инструментот за поврзување на Европа при Европската комисија (CEF) е клучен инструмент на ЕУ за финансирање со цел промовирање на растот, вработувањето и конкурентноста преку инвестиции во инфраструктирата на европско ниво.
Во согласност со програмата, земјите членки на Европската Унија (ЕУ) се согласија на годишно ниво да обезбедат 48,4 милиони евра за поддршка на енергетски инфраструктурни проекти. За периодот 2014-2020 година се распределува буџет од 5,35 милијарди евра за проекти од полето на енергетиката.
Од 2014 година, ТАНАП доби вкупно 15 милиони евра помош од програмите за финансирање на Европската Унија.
Според Европската комисија, се дава поддршка за развој на високоефикасна, одржлива и ефикасно поврзана трансевропска мрежа во полето на транспортот, енергетиката и дигиталните услуги. Инвестициите на ЦЕФ ја пополнуваат празната низа во енергетската, сообраќајната и дигитална структурата на Европа.
Гасоводот ТАНАП, со должина од 1.850 километри, официјално беше отворен на 29 мај со церемонија што се одржа во Баку, на која учествуваше и претседателот на Азербејџан.
ТАНАП, со инвестиција во вредност од околу 8 милијарди долари, ќе испорачува 6 милијарди кубни метри гас од Азербејџан за Турција и 10 милијарди кубни метри годишно во Европа. Европскиот дел од проектот се очекува да започне со работа во 2020 година.
Инвестицијата на почетокот на проектот беше проценета на 11,7 милијарди долари, но таа вредност беше ревидирана од страна на менаџерите на проектот на вредност од 8 милијарди долари.