Ekip
19 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
ЖЕНЕВА
Светската трговска органзација (СТО) соопшти дека стоковата трговија во вториот квартал оваа година поради последиците на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) претрпе значаен пад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот Барометар за стокова трговија наведува дека во вториот квартал дошло до пад на светската трговија од 14 отсто во однос на претходниот квартал, а 18,5 отсто во однос на истиот квартал минатата година.
Од СТО исто така наведоа дека е неизвесно дали ќе дојде до подобрување на трговските трендови во третиот квартал во оваа година.
На годишно ниво се очекува намалување на трговијата за 13 отсто во однос на 2019 година.
Намалувањето на трговската размена се граничи со трендовите кои се забележани во текот на глобалната рецесија од периодот 2007 - 2009 година.