Furkan Naci Top
06 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
АТИНА (AA) - Стапката на невработеност во Грција во јули оваа година падна на 21 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Агенцијата за статистика на Грција (ЕЛСТАТ) бројот на невработените во Грција во јули изнесуваше милион и девет илјади лица.
И покрај падот на стапката на невработеност, бројот на невработените млади лица во земјата и понатаму е многу висок.
Во соопштението на ЕЛСТАТ се наведува дека стапката на невработеност кај лицата од старосна граница од 15 до 24 години моментално изнесува 42,8 отсто.
Највисоката стапка на невработеност во Грција е забележана во 2013 година, а изнесуваше 27,9 отсто.