Besar Ademi
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Сојузот на стопански комори на Република Македонија (ССКМ) на денешната прес-конференција одржана во Скопје, најави дека компаниите од Македонија и другите помали земји, преку системот ТЕД (технологија, забава, дизајн) на Европската унија (ЕУ), за полесен пробив на големите пазари ќе имаат можност за слободен пристап за бизнис со земјите членки на Европската унија и Европсската економска област, како и другите континенти, јавува Anadolu Agency (AA).
Извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов, соопшти дека преку ТЕД системот се објавуваат 460 илјади конкурси за тендери на годишно ниво, во вредност од околу 420 милијарди евра. Тој додаде дека со оваа се цели споделување на информации и користење на системот за информирање за јавни тендери во сите мали земји.
„Со регистрација на платформата компаниите добиваат персонализиран профил за пребарување во зависност од нивните потреби. Информациите може да ги добиваат на дневно, неделно или месечно ниво, но исто така им се дава можноста да ја пребаруваат архивата на ТЕД платформата за повици за јавни набавки, до пет години наназад”, рече Алексов.
Алексов истакна дека вкупната вредност на јавните набавки и договори во ЕУ е помеѓу 12-15 отсто од бруто домашниот производ на ЕУ. Три четвртини од повиците се од Германија, Франција, Британија, Шпанија, Италија и Полска.