Adel Ömeragiç
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се продолжува ембаргото за увоз на црногорски земјоделски производи до крајот на декември 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Русија за првпат воведе забрана за увоз на голем број европски производи како контрамерка на санкциите кои Европската унија ги воведе кон официјална Москва, поради интервеницијата во Украина 2014 година.
Како што пишува во соопштението, одлуката на Русија е мотивирана пред сѐ од потребата да се создадат подобри услови за руските земјоделци.
„Соодветните рестриктивни мерки ќе бидат воведени во период од 18 месеци, наместо на шест", се наведува во соопштението.
Според податоците од заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ), земјата од извозот во Русија во 2014 година заработила над четири милиони евра, додека во 2015 година извозот изнесувал 2,6 милиони евра. Во првите шест месеци од оваа година во однос на минатата година во истиот период, извозот на Црна Гора кон Русија е преполовен - од минатогодишните 1,1 милион евра, тој изнесува 550.000 евра.
Освен на Црна Гора и членките на ЕУ, ембаргото на Русија се однесува и на Канада, Австралија, Норвешка, Украина, Албанија, Исланд и Лихтенштајн.