Zeynep Beyza Kılıç
07 Јули 2022•Ажурирај: 10 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Цените на нафтата на глобалниот пазар денеска продолжија да паѓаат по порастот на ризикот од рецесија и загриженоста за оскудна понуда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународната референтна цена на нафта од типот „брент“ изнесуваше 100,3 долари по барел по падот на цената за 0,39 отсто, по затворањето на претходната сесија кога цената изнесуваше 100,69 долари по барел.
Американската референтна вредност „Вест Тексас интермедиејт“ (WTI) тргуваше по цена од 97,95 долари по барел по падот на цената за 0,59 отсто, откако на претходната сесија изнесуваше 98,53 долари по барел.
Цените на нафтата во средата паднаа под 100 долари првпат од 25 април, по зголемениот страв од рецесија што негативно влијаеше на изгледите за глобалната потрошувачка за нафта.
Цените денеска продолжија да паѓаат поради ризикот од рецесија која би ја намалила глобалната потрошувачка за нафта.